Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Партијата на пензионери со поддршка за иницијативата за постигнување политички консензус за реформските закони и укинување на техничката влада

Партијата на пензионери, како партија на политичкиот центар, ја поддржува иницијативата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партијата на пензионери, како партија на политичкиот центар, ја поддржува иницијативата на Премиерот Христијан Мицкоски за постигнување на широк политички консензус за клучните реформски закони за трасирање на единствен пат кон Европската Унија и за укинување на техничката Влада, стои во соопштението на партијата.

Исто така, неопходно е да сите стратешки и витални прашања во врска со државата се решат на еден консензуален и транспарентен начин, во вистинска визионерска смисла и во интерес на граѓаните, со нивно реално аплицирање на секојдневното живеење.

На владејачките партии, како носители на законодавната и извршната власт, им посочуваме конструктивно да ги согледаат предлозите и забелешките од страна на опозицијата, но во исто време на опозицијата и предлагаме да се вклучи максимално во поднесувањето на реални и издржани солуции како и да ги подржи сите добри решенија на Владата, кои се во интерес на граѓаните и државата.

Реклама

Партијата на пензионери уште еднаш потенцира и бара од сите релевантни политички фактори во земјата да се покаже и докаже највисокото рамниште на политичка, општествена, национална и државничка доблест, мудрост и вештина за постигнување на во овој момент најбитната државна цел а тоа е полноправно и достоинствено членство во Европската Унија.