Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

ЗНАМ: Бегањето од лидерска средба е признание за политичка слабост и страв од граѓаните

Движење ЗНАМ за Наша Македонија ја поздравува иницијативата на претседателот на Владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Движење ЗНАМ за Наша Македонија ја поздравува иницијативата на претседателот на Владата за лидерска средба, како одговорен и државнички чекор насочен кон стабилност, дијалог и политичка зрелост во клучен момент за државата, се наведува во соопштението од ЗНАМ.

За жал, денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Филипче, уште еднаш покажа дека оваа партија предводена токму од него, нема нитукапацитет, ниту волја за конструктивен политички дијалог, туку единствено нуди говор на поделби, навреди и неосновани обвинувања.

Кога се нема аргументи и резултати, се посегнува по стари сценарија – плашење на јавноста, теории на заговор и етикетирање на политичките противници.

Реклама

Наместо одговорност за сопственото минато, СДСМ повторно бега од разговор и се крие зад техничката влада како последен штит од соочување со граѓаните.

Движење ЗНАМ за Наша Македонија се залага за целосно и непречено функционирање на институциите, за одговорно носење одлуки и за изнаоѓање конкретни решенија кои се исклучиво во интерес на граѓаните и државата.

На Македонија ѝ е потребна политичка храброст и зрелост, а не бегање од одговорност и блокади. Потребен е отворен и искрен дијалог, а не уцени икалкулации, како и јасна определба за иднината, наместо одржување на стравови и манипулации.

Иницијативата за лидерска средба е можност сите релевантни политички чинители да покажат одговорност кон државата и граѓаните.

Одбивањето на дијалог е признание за слабост.

Движењето ЗНАМ останува цврсто определено за транспарентност, почитување на демократските процеси и враќање на довербата во институциите, како клучни предуслови за стабилна држава и јасен, одговорен пат на Македонија кон полноправно членство во Европската Унија.