Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Божикната вечер ќе биде дождлива, а на планините ќе паѓа снег

Времето вечерва и во текот на ноќта ќе биде претежно облачно, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Времето вечерва и во текот на ноќта ќе биде претежно облачно, со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни односно над 25 l/m². На планините врнежите ќе бидат од снег, а пообилни врнежи од снег ќе има во западните делови од земјата. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Максималните температури денеска се движеа од два степени на Попова Шапка, пет во Маврови Анови, шест во Крушево и Лазарополе, седум во Пожаране, осум во Претор, Ѓуриште, Тетово и Тополчани, девет во Охрид и Крива Паланка, 10 во Битола, Прилеп и Скопје-Зајчев Рид, 11 Скопје-Петровец и Виница, 12 во Берово, 13 во Велес и Штип, 15 во Струмица, Кавадарци и Гевгелија и 16 степени во Демир Капија.

Најмногу дожд наврна во Охрид 22 л/м2, во Претор 19, во Крушево 18, во Маврови Анови 17, на Попова Шапка 15…

Реклама

Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер утре врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер утре врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.