Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче упати честитка по повод големиот христијански празник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче упати честитка по повод големиот христијански празник Божик, посакувајќи им на верниците мирни и весели празници.

-Го честитам најрадосниот празник во христијанството со традиционалната честитка Мир Божји и Христос се роди! Посакувам мирни и весели празници на сите верници кои овој празник денеска го празнуваат. Ова е традиционален повод да се собере семејството, најблиските, да се покаже почит и грижа. Посакувам денот да помине мирно, а мирот во овие турбулентни времиња ни е потребен за да можеме да продолжиме да го градиме општеството да биде праведно, толерантно, слободно, изјави Филипче по свечената божествена литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје.

Тој посака сите заедно да градиме општество во кое, како што нагласи, никој нема да биде дискриминирано.

Реклама

-Ние во минатото имплементиравме политики кои граѓаните вистински можеа да ги осетат, да живеат подобро, побезбедно, побогато, младите тука да ја гледаат иднината. Имплементиравме политики кои доликуваа на развиени општества, во кои никој нема да се чувствува помалку вреден без разлика дали станува збор за етничка, национална, верска, културна, полова или сексуална ориентација, рече Филипче.

Паричката за Бадник во неговото семејство паднала кај синот.