Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Митрополит г. Петар: Православната Црква не ја отфрла љубовта, ниту дијалогот како човечка средба, но одбива секаков дијалог што ја жртвува вистината заради надворешен мир

Православната Црква не ја отфрла љубовта, ниту дијалогот како човечка средба, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Православната Црква не ја отфрла љубовта, ниту дијалогот како човечка средба, но одбива секаков дијалог што ја жртвува вистината заради надворешен мир. Љубовта без вистина станува сентименталност, а единството без вистина – духовна измама, истакна митрополитот г. Петар во своето годинешно Божикно послание.

Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар посочи дека Православната Црква е столб и тврдина на вистината.

– Православната Црква не постои како историски компромис, ниту како човечка институција, подложна на духот на времето, туку како тело Христово, столб и тврдина на вистината. Таа не се раководи од потребата за привидно единство, ниту од дипломатска хармонија со светот, туку од верноста кон откровената вистина. Православната Црква не се бори за унија по секоја цена, ниту за компромис со вистината, туку за чистотата на верата што ѝ е предадена еднаш засекогаш од светите апостоли и отци – без додавање, без одземање и без изопачување, нагласи митрополитот г. Петар.

Реклама

Во Божикното послание до свештенството, монаштвото и верниците од преспанско-пелагониската и австралиско-новозеландската епархија, митрополитот г. Петар потсети на Флорентскиот собор како вечен пример за вистината.

– Историјата на Црквата ни сведочи дека светите отци биле подготвени да поднесат прогонства, заточенија, па дури и смрт, но не и да направат ни најмало отстапување од вистината. Свети Марко Ефески, стоејќи сам на Флорентинскиот собор, ни остави вечен пример дека подобро е да се биде „сам со Вистината“, отколку „со мнозинството во заблудата“. Тој дух не е дух на гордост или непомирливост, туку дух на љубов кон Христа и одговорност за спасението на Црквата, посочи г. Петар и додаде дека православната Црква не ја отфрла љубовта, ниту дијалогот како човечка средба, но одбива секаков дијалог што ја жртвува вистината заради надворешен мир. Љубовта без вистина станува сентименталност, а единството без вистина – духовна измама, нагласи митрополитот г. Петар во годинешното Божикно послание.