Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Бадникарите во посета на домот за стари лица Мајка Тереза

И годинава, како и многу пати до сега, членови на Бадникарскиот одбор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И годинава, како и многу пати до сега, членови на Бадникарскиот одбор заедно со новиот кум Зоран Кондратенко и новиот здравичар Јаков Дренковски, во пресрет на централната манифестација Бадник 2026, утрово ги посетија штитениците на Домот за стари лица Мајка Тереза, за да им ги честитаат големите христијански празници Бадник и Божиќ.

Од Бадникарскиот одбор им подарија овоштие, негазирани сокови, погача и бадникови гранчиња, а кумот им подари клима инвертер. На овој начин Бадникарскиот одбор ја продолжува традицијата оваа манифестација да има и хуманитарен карактер.

А за да биде овој настан во духот на празниците, се погрижи и свештено лице кое ги освети погачата и бадниковите гранчиња. 

Реклама

Во организација на Одборот за традиционална прослава на Бадник во Скопје денеска по 34-ти пат на платото пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ќе се одржи манифестацијата Бадник 2026.

Според најавите од организаторите, како и минатата година делењето бадникови гранчиња ќе се одвива во дворот на Храмот од страната на булеварите „Партизански одреди“ и  „Св. Климент Охридски“.