Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Светлина и радост: Бадник и Божик во Охрид

Православните христијани вечерва го одбележуваат Бадник, а утре празнуваат Божик, празникот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Православните христијани вечерва го одбележуваат Бадник, а утре празнуваат Божик, празникот на раѓањето на Исус Христос. Верниците од Охрид во духот на православието за Бадник подготвуваат посна семејна трпеза со риба, леб, мед, ореви, костени, посна сарма, домаќинот го пали бадниковото гранче, како симбол на светлина, здравје и благосостојба.

На Бадник младите коледари одат од куќа до куќа да носат благослов и да пеат божикни песни.

На Божик трпезите се богати со месо, колачи и суво овошје, а во некои домови се сече леб или пита со паричка за среќа во новата година. Обично во Охрид таа традиција на кршење пита со паричка се спроведува за празникот Василица, односно за дочекот на новата година според Стариот православен календар.

Реклама

Божикните празници се време за собирање на семејството, радост и духовна заедница што ја одржуваат македонската традиција жива од генерација на генерација, а охриѓани се држат до православните начела, да бидат во своите домови за Божик.

Инаку, пред петнаесет години во Охрид започна Бадниковата поворка како иницијатива за обновување и повторно оживување на древната православна традиција поврзана со празникот Рождество Христово. Преку таа поворка духот на Бадник повторно заживеа, особено меѓу најмладите, кои денес се нејзини најискрени и најрадосни носители.

Бадниковата поворка во Охрид се одвива во свечена атмосфера, исполнета со пеење на божикни каланди, меѓу кои централно место зазема песната „Вечниот Бог“. Учесниците, носејќи изработени ѕвезди во рацете, ја симболизираат Витлеемската ѕвезда што го најави Христовото раѓање, додека носењето на пештерата претставува силен симбол на Витлеемската пештера — место на смирение, љубов и надеж.

Летка Филипова, регионалниот координатор на Бадниковите поворки, за МИА изјави дека секоја нова година Бадниковата поворка се надградува со нови содржини и новитети.

– Покрај Охрид, денес оваа убава традиција се проширува и во околните населени места, каде за првпат се организираат Бадникови поворки во селата Лескоец, Елшани,Трпејца, Велгошти, Пештани, Оровник, Дебарца-Мешеишта и Требеништа што претставува значаен чекор кон пошироко заживување на обичајот во охридскиот регион. Во предвечерието на Бадник во духот на претпразничната радост, Митрополијата во Охрид синоќа беше исполнета со детски гласови и божикни каланди. Младите музичари со песна и искрена радост го најавија Рождеството Христово пред Митрополотот г. Георгиј  од кого добија соодветни дарови, рече таа.

Новитет оваа година е и учеството на млади музичари, кои заедно со децата, додека ги пеат божикните каланди, ја изведуваат и песната „Вечниот Бог“, давајќи и на поворката дополнителна духовна и културна вредност. Предвечерието на Бадник беше прославено и во Охридскиот мол, каде во духот на Божикните празници синоќа се свиреа и пееја Божични каланди.

Бадниковата поворка во Охрид денеска ќе почне во 10:30 часот од црквата „Св. Ѓорѓи“, по што ќе се движи по улицата „Јане Сандански“, булеварот „Туристичка“ и улицата „Македонски Просветители“, за некаде на пладне да пристигне на Градскиот плоштад, каде е предвидено децата да ги пречека и дарува и градоначалникот, Кирил Пецаков.

Бадниковата поворка и оваа година ја носи пораката на радост, мир и заедништво, повик до сите граѓани да бидат дел од празничното сведоштво за Христовото Рождество.