Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Бојковска: Три реформски закони за образованието на средина на јануари на ЕНЕР, го менуваме системот

Драгана Бојковска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за време на гостувањето во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Драгана Бојковска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за време на гостувањето во една од телевизиите, зборуваше за реформите коишто се прават во образованието и истакна дека истите се темелат на Стратегијата за образование 2026-2032 на којашто се работи во моментот и кој процес тече исклучително успешно, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Бојковска најави дека кон средината на месец јануари на ЕНЕР треба да излезат трите нови закони во сферата на образованието како: Законот за високо образование, Законот за научно- истражувачка дејност и Законот за Агенција за квалитет во високото образование.

„На средината на месец јануари на ЕНЕР ќе излезат три нови закони, тоа се: Законот за високо образование, Законот за научно- истражувачка дејност и Законот за Агенција за квалитет во високото образование, коишто ќе бидат тема на расправа особено во делот на високото образование, треба да ги донесат овие реформи, особено да се најдеме на онаа Шангајска листа. Тука би го потенцирала Законот за високо образование којшто практично треба да ни овозможи чекор поблиску да бидеме ние на Шангајската листа со конкурентни универзитети од нашата држава“, рече Бојковска.

Реклама

Притоа пратеничката Бојковска се осврна на предвидените реформи во Законот за високо образование кои се во насока на заострување на критериумите за задржување на звањето редовен професор, обврската на професорите да се занимаваат со научно- истражувачка дејност како и финансиската поддршка којашто ќе ја добиваат како мотив плус за објавување на научно истражувачки проекти.

„Измените на Законот за високото образование се построги критериуми за тоа што значи да остане звањето редовен професор, бидејќи критериум за тоа колку универзитетот може да оди напред е токму преку оние објавувања на научни трудови коишто и самите професори треба да ги објавуваат во познатите реномирани списанија. Како за пример можам да кажам е дека ако Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во моментот во просек годишно објавува околу 300 научни трудови ние за да се приближиме на Шангајската листа би требало само од УКИМ да вадиме околу 1200 научни трудови, што е навистина голема разлика по однос на тоа што треба да се направи за објавување на научни трудови“ и додаде:

„Токму преку измена на Законот за високо образование ставаме критериуми по однос на тоа доколку сака професорот да остане нели со звање редовен професор тогаш го мотивираме да објавува научни трудови, обврска ќе биде да се занимава со наука и со научно- истражувачка дејност, дополнително она коешто сакам да го напоменам и коешто го правиме како реформа во државата е не само што ставаме обврска за да се објавуваат научни трудови туку државата уште повеќе ги мотивира овие кадри преку финансиска поддршка да се објавуваат научно- истражувачки проекти, потенцираше Бојковска.

Пратеничката Бојковска на крајот забележа дека напредокот на нашата држава е условен од квалитетот на нашето образование, па затоа оваа година во Буџетот за 2026 во делот за научно- истражувачка дејност се предвидени рекордни 12,6 милиони евра што е двојно повисок износ од оној што бил издвоен во 2024 година.