Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Партијата на пензионери го поздрави донесувањето на Законот за работно ангажирање на пензионерите

Партијата на пензионери го поздравува донесувањето на Законот за работно ангажирање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партијата на пензионери го поздравува донесувањето на Законот за работно ангажирање на пензионери, особено што Партијата на пензионери преку својот пратеник Илија Николовски, досега двапати во Парламентот предлагаше донесување на сличен Закон, но за жал не беше прифатен од претходниот Парламент, стои во соопштението од партијата.

Токму затоа овој чин го гледаме како револуционерен. Но, во исто време Партијата на пензионери има забелешки за недостатоците на овој Закон, како што се:

– ПП не гледа потреба од ограничување на Законот, од причина што сите способни пензионери би сакале да работат подолг период од законски предвидениот. Правото на работа е уставно загарантирано и не треба да влијае на пензијата која е економска категорија и законски загарантирана.

Реклама

– Овој закон треба да важи за сите даватели на услуги, а не само за одредени области, освен во државната администрација,

– Со проширување на дејностите без ограничување на 15 денови во месецот ќе се овозможи поголемо ангажирање на пензионерите и намалување на социјалните разлики.

Токму затоа Партијата на пензионери ја охрабрува Владата и Собранието што е можно побрзо донесат измени и дополнувања на споменатиот Закон со што ќе придонесат за намалување на работата на црно и сивата економија, а истовремено ќе придонесат за за поголем прилив на финансиски средства во пензискиот фонд.

Во таа насока Партијата на пензионери предлага да се искористат позитивните искуства од регионот и ЕУ со прилагодување на овој Закон со соодветните модели.