Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Велески: За стабилен брак се потребни одговорни и зрели личности

Промената на животниот стил е една од главните причини за сѐ поголемиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Промената на животниот стил е една од главните причини за сѐ поголемиот број разводи. Потребна е поголема одговорност и побрзо созревање на единките, нагласува Јован Велески, клинички психолог од прилепската болница, анализирајќи зошто се зголемува бројот на разводи на браковите.

Според статистичките податоци од Државниот завод за статистика, минатата година бројот на склучени бракови е намален за 1.600, додека бројот на разведени бракови е зголемен за 259. На 1.000 склучени бракови се 183 разведени.

Според Велески, браковите ја менуваат својата форма. Посочува дека семејството е многу стара институција која не еволуирала одамна и сега со новиот тек на живот не дава такви континуитети како што ги имала порано. Нагласува дека отсуствува одговорноста на единките, а созревањето доаѓа доцна.

Реклама

-Основната цел на семејството како институција е да се задржи и да се формира потомство кое ќе даде иднина на човештвото, на семејството, и на секој човек ќе му остави трага за своето постоење. Во сета ситуација најбитно е да се биде одговорен. Се чини дека современите генерации, под влијание на  своите амбици, под влијание на притисокот на општествените побарувања, под влијание на некои манифестни социопатолошки појави, како што се целибатот и промискуитетот, доведуваат до тоа да се пролонгира адолесценцијата до 40-тата година. Тоа, од друга страна, значи недоволно созревање на единките и прифаќање на одговорност. Бракот бара одговорна функција на толеранција, без разлика на разликите кои постојат помеѓу сопружниците, објаснува Велески.

При разводите, посочува Велески, најмногу страдаат децата кои се и чести пациенти кај психологот.

-Во мојата ординација често добивам мали пациенти кои се жртви на недоразбирањата помеѓу родителите. А тие деца страдат. Без разлика на текот на бракот, единките во него треба да созреат, да сфатат дека имаат деца и се родители, смета клиничкиот психолог Јован Велески.