Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Министерство за здравство: Воспоставен е канал за комуникација со здравствените власти на Швајцарија

Министерството за здравство вечерва соопшти дека постапува во координација со Дирекцијата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство вечерва соопшти дека постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на Македонија, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.

– Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Претходно, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава изрази подготвеност да обезбеди медицинска поддршка и да прифати повредени пациенти. Изразена е и подготвеност доколку има потреба, македонски лекари специјалисти да бидат вклучени во лекувањето на пациентите.  

Реклама

Македонската амбасада во Швајцарија објави телефонски број на кој македонските граѓани може да се обратат во врска со трагичната несреќа.

– Амбасадата на Македонија внимателно ги следи случувањата во Кран-Монтана и е во состојба на подготвеност да им пружи помош на своите државјани. Во случај на потреба од асистенција, ве молиме контактирајте го итниот број на Амбасадата: +41 79 923 79 57, објави Амбасадата на Фејсбук.

Според последните податоци, во пожарот што избувна во бар во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана во текот на новогодишната ноќ загинаа околу 40 лица, а најмалку 115 се повредени.