Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Бурна новогодишна ноќ: 2 годишно детенце со престрелна рана на главата примено на Клиниките

Бурна новогодишна ноќ во Македонија без нарушување на безбедносната состојба во државата.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бурна новогодишна ноќ во Македонија без нарушување на безбедносната состојба во државата. Турски државјанин бил убиен со остар нож во Старата скопска чаршија, инцидент во кој учествувале група турски државјани, а друг е тешко повреден. Осомничениот убиец е во бегство.

На Клиниките е примено и повредено 2 годишно дете кое е во животозагрозувачка состојба. МВР има повеќе теории како дошло до повредата на главата, но чека официјални информации од лекарите дали станува збор за куршум.

  • „Во текот на вчерашниот ден регистрирани се 31 кривично дело и 23 сообраќајни незгоди од кои што две со тешки телесни повреди. Приведени се 49 по разни основи најмногу за нелегална трговија со дрога и нарушување на јавниот ред и мир. Тоа се бројки дека огромното мнозинство граѓани се однесува одговорно и со тоа придонесува за лична и заемна безбедност “ вели Панче Тошковски –Министер за внатрешни работи.

Дека најтешкиот случај е оној на двегодишното дете потврдија и од Клиника.

Реклама
  • „Двегодишно дете без познати лични податоци примено на интензивна нега со прострелна повреда на главата од огнено оружје. Детето е во животна опасност, а засега нема официјални информации за околностите под кои се случил инцидентот“ рече Игор Мерџановски – директор на ТОАРИЛУЦ.

Регистрирани биле и тројца пациенти по пад од висина. Меѓу нив е и 30-годишен маж, пронајден паднат во реонот на Буњаковец, кој бил во животозагрозувачка состојба. Кај него е извршена операција на ’рбетниот столб и моментално се наоѓа на Клиниката за интензивно лекување. На Неврохирургија поради истата причина, пад од висина, е примен и 16-годишен пациент од Штип.

МВР бележи седуммина кои се повредиле од употреба на пиротеника, а на Клиниката за пластична хирургија, биле примени вкупно 20.

  • „Осум се физички повредени, шест се повредени од пиротехнички средства, а четворица се повредени во сообраќајќи, еден алкохолизиран е донесен во градската болница „Свети Климент Охридски“. Се помал број се малолетни пациенти “ рече Небојша Настов – директор на „Св. Наум Охридски“.

Во текот на ноќта биле евидентирани три сообраќајни незгоди, при што околу 20 пациенти со лесни телесни повреди биле прегледани и пуштени на домашно лекување.

Според статистиката на МВР, споредбено декември 2024 со 2025 година има намалување на сообраќајките во Скопје за 20 проценти и без жртви.

  • „Околу 35 проценти има помалку повредени лица на подрачје на СВР Скопје отколку во декември 2024 и нема жртва во сообраќајка наспроти пет загинати во 2024. Ова е заслуга на секој што управува моторно возило согласно со сообраќајните правила и од срце им благодарам, “ рече Тошковски – Министер за внатрешни работи.

Тошковски ги повика пратениците да ги изгласаат законските измени во Законот за прекшоци и Кривичниот законик со цел од први февруари стартува системот Безбеден град.