Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Првото бебе во Прилеп е машко

Првото бебе во Новата 2026 година што се роди во Прилеп е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првото бебе во Новата 2026 година што се роди во Прилеп е машко. Бебето Герасим се роди два часа по полноќ на први јануари и со мајката Софија Никоска Маџароска се чувствуваат добро, потврдуваат од прилепската Болница.

До денес напладне, во Прилеп се родиле вкупно три бебиња, две машки и едно женско и сите се во општа добра здравствена состојба.

– Во 02:23 часот по полноќ, на први јануари се роди првото бебе во новата 2026 година. Тоа е машко бебе кое се роди по природен пат. Бебето е  второ дете во семејството. Им упатуваме честитки на семејството  и им посакуваме среќа и радост, рече Кире Јоноски, директор на прилепската општа Болница „Борка Талески.

Реклама

Честитки и подароци од локалната самоуправа добија мајката и првото бебе во оваа година.

– Му посакуваме среќа и радост на семејството и многу здравје на бебето. Голема е желбата да се раѓаат повеќе деца во општината зашто се нашата иднина, рече градоначалникот на прилеп Дејан Проданоски, кој ги посети мајката и бебето на Гинеколошкото одделение во прилепската Болница.

Голем дел прилепчани новата 2026 година ја пречекаа во центарот на Прилеп, на плоштадот Методија Андонов Ченто, со песните на Наум Петрески.