Реклама
Македонија

Повеќе од 24 часа во целосен прекин сообраќајот Струга – граничен премин „Ќафасан“

Повеќе од 24 часа во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 24 часа во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот. 

Портпаролот на СВР Охрид информира дека на терен се преземаат мерки, но поради технички причини сеуште не е отстранета цистерната од коловозната лента. 

Патниците кон Албанија се пренасочуваат на граничниот премин Свети Наум кај Охрид или Блато кај Дебар.