Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

„Зимска приказна“ од пладне до полноќ во Битола

Новогодишната програма „Зимска приказна“ организирана од Општина Битола продолжува денеска од пладне…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новогодишната програма „Зимска приказна“ организирана од Општина Битола продолжува денеска од пладне до полноќ со свечен пречек на новата 2026 година.

На платото пред Офицерски дом до 14 часот ќе бидат изведени детските театарски претстави „Збркани јазици“, „Новогодишен часовник“, „Празнична магија“ и „Снежна инклузија“, а ќе има и настап на учесници од детскиот музички фестивал „Тра-ла-ла“.

На пладне музичка програма ќе има и во старата битолска чаршија, каде ќе настапат групите „Уникат бенд“ и „Нектар“, како и фолк ѕвездата Татјана Б. Стефановска.

Реклама

Од Општина Битола информираат дека вечерната програма на платото од Офицерски дом ќе почне во 20 часот со настап на фолк пејачот Борче Наумовски-министерот, за публиката ќе има кабаре, а пред полноќ ќе настапат групите  „Баркод бенд“ и „Нокаут“. На полноќ, пречекот на Нова година ќе се прослави без огномет, нагласија од тамошната локална самоуправа.