Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Поделени новогодишни пакетчиња за најмладите во Кисела Вода

Во празнична и весела атмосфера, денеска во паркот „Шопен“, во рамки на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во празнична и весела атмосфера, денеска во паркот „Шопен“, во рамки на манифестацијата „Новогодишна приказна“, Општина Кисела Вода организираше настан на кој беа поделени новогодишни пакетчиња за најмладите.

-Со оваа акција, заедно со пакетчињата што претходно беа поделени, општината израдува вкупно 7.000 деца со бесплатни новогодишни пакетчиња, потврдувајќи ја континуираната грижа за најмладите жители. Настанот беше исполнет со насмевки, детска радост и забава, за што се погрижија Дедо Мраз, Гринч и разиграните аниматори. Посебен сјај на програмата ѝ дадоа дечињата од градинките „8 Март“ и „Весели цветови“, како и учениците од основните училишта „Круме Кепески“ и „Невена Георгиева – Дуња“, кои настапија со свои музички точки. Беше изведена и претстава на театарот „Отпишани“, додека за динамичната и енергична атмосфера беше задолжен диџеј Марио со труба. Најголемото воодушевување кај децата го предизвика спектакуларното појавување на Дедо Мраз, кој излезе од огромна кутија со помош на своите вредни џуџиња, соопшти Општина Кисела Вода. 

Празничната атмосфера продолжува и вечерва со новогодишниот базар каде што ќе настапат Бока Конга и Боби Сакс, диџеј Марио со труба, а вечерта ќе биде заокружена со безвременските хитови на Миле Кузмановски. Настанот ќе го води Миро Кацаров.

Реклама

-Воедно, упатуваме покана до сите граѓани утре, на плоштад „Македонија“, каде што во организација на Град Скопје ќе се одржи голем заеднички пречек на Новата година, заедно да ги прославиме новите почетоци и уште повеќе радости во годината што доаѓа, наведува Општината во соопштение.