Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Повеќе скопски општини без струја и вода поради плански зафати

Повеќе скопски општини денеска ќе се соочат со прекини во електричната енергија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе скопски општини денеска ќе се соочат со прекини во електричната енергија и водоснабдувањето поради зафати на ЕВН Македонија и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Дел од населението во Петровец, Студеничани, Сопиште, Ѓорче Петров и Кисела Вода ќе остане без струја во различни термини, додека неколку улици во Карпош и Кисела Вода ќе имаат прекин на водоснабдувањето поради интервенции на мрежата. Двете јавни претпријатија најавуваат дека се работи за плански активности и санации, кои треба да завршат во текот на денот.

Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре делови од повеќе општини ќе останат без електрична енергија во различни временски периоди. Без струја од 8 до 14 часот ќе биде дел од селото Ќојлија во општина Петровец. Во општина Студеничани, од 8.30 до 9.30 часот прекин ќе имаат корисниците од селата Драчевица и Цветово, додека во општина Сопиште, од 8.55 до 9.55 часот, без електрична енергија ќе останат жителите на Горно Соње, Долно Соње, Чифлик и Света Петка. Од 9 до 14 часот прекин е најавен и за дел од улицата „Веле Марков“ во општина Ѓорче Петров, а од 12.30 до 14.30 часот струја ќе немаат и корисниците на делови од улиците „Димо Хаџидимов“ и „Христо Татарчев“ во општина Кисела Вода.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известуваат дека истиот ден ќе има и прекини во водоснабдувањето поради интервенции на водоводната мрежа. Поради дефект на цевковод со пречник од сто милиметри на улицата „Нобелова“ кај крстосницата со улицата „Хелсинки“, од 9 часот до завршување на работите без вода ќе бидат корисниците на „Нобелова“, „Виенска’, како и делови од улиците „Хелсинки“ и „Лондонска“ во општина Карпош. Дополнително, поради изведување приклучок на водоводната мрежа на улицата „Жил Верн“ број 10, од 10 часот до завршување на интервенцијата, прекин во водоснабдувањето ќе имаат жителите на улиците „Жил Верн“ и „Есенинова“ во општина Кисела Вода.