Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Ќе се воведува интелигентен транспортен систем на Коридорот 10 – потпишан Договор за грант со Светска банка

Обезбеден е грант од 13,56 милиони евра – дополнителни средства во рамки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обезбеден е грант од 13,56 милиони евра – дополнителни средства во рамки на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан. Договорот за грант помеѓу РС Македонија и Светска банка, која дејствува како водечка финансиска институција за Инвестициската рамка за Западен Балкан – Програма за безбеден и одржлив транспорт, го потпишаа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и директорката на Светска банка за земјава Карол Межеван, информира Министерството за финансии. 

-Денеска потпишуваме договор за грант, а со овие средства се унапредува транспортната ефикасност и предвидливост на Коридорот 10. Ова е една од компонентите од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан чија крајна цел е зголемена ефикасност на транспортот во Македонија и во регионот. Тоа е особено важно во унапредувањето на патната инфраструктура, што како Влада ни претставува значаен приоритет, а самиот Проект ќе овозможи олеснување на трговијата и намалување на трошоците на економските субјекти, рече министерката и потенцираше дека Владата работи на полето на подобрување на економските услови во целина, а сѐ со цел постигнување позабрзан економски раст.

Како што посочи Карол Межеван, се наведува во соопштението на Министерството, „инвестирањето во модерна патна инфраструктура и транзитни коридори е од витално значење за растот на Македонија, поточно за зајакнување на вредносните синџири, отворање пазари, намалување на трошоците за бизнис и привлекување странски инвестиции“.

Реклама

-Овие подобрувања ќе ѝ помогнат на земјата и во создавањето работни места и во градењето конкурентна, отпорна економија. Оваа иницијатива е клучна за реформите за пристапување на земјата во ЕУ и е во согласност со законодавството на ЕУ и Стратегијата за одржлива и паметна мобилност на Западен Балкан, рече Межеван. 

Министерството за финансии наведува дека средствата се наменети за воведување интелигентен транспортен систем (ITS) на Коридорот 10, од граничниот премин Табановце до јужната клучка Велес, што вклучува и поддршка за воспоставување и опремување на национален центар за управување со сообраќајот со потребните ITS системски решенија за Коридорот 8 и Коридорот 10, вклучително и за кракот 10д.

-Поконкретно, ќе бидат воспоставени систем за собирање податоци за протокот на сообраќај; систем за следење на тежината во движење (WIM); елементи за контрола на висината на возилата што пристапуваат до автопат; систем за собирање податоци за временските услови долж трасата на автопатот и систем за следење на транспортот на опасни материи (HAZMAT). Активностите се реализираат во рамки на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, чија вкупна вредност е 26,2 милиона евра. Проценетата инвестициска вредност на оваа компонента е 29,9 милиони евра од кои 13,56 милиони евра се грант за кои е потпишан Договорот и 16,4 милиони евра се дел од заемот од Светска банка. Проектот го имплементира Министерството за транспорт, информира Министерството за финансии.