Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Над 150 настани и 14.500 посетители во Центарот за култура Куманово

Над 150 настани од културата со околу 14.500 посетители, националната установа Центар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 150 настани од културата со околу 14.500 посетители, националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ ја завршува 2025-тата година, информираа денеска надлежните.

– Годинава реализиравме преку 150 настани од култура, дел беа од годишната програма од Министерство за култура, а дел беа од другите корисници кои аплицираа за проекти и кои ги реализираа во Центар за култура и Театар Куманово. Станува збор за концерти, изложби, фолклорни активности и други настани. За успешноста на изминатава година говори и посетеноста на нашиве настани. Според податоците кои ги имаме тоа е бројка од околу 14.500 посетители, кои следеле претстави, изложби, концерти, уметнички перформанс, промоции на книга, на што сме благодарни бидејќи публиката е таа која со своето присуство ја создава убавата приказна за и во Центар за култура Куманово, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.

Особено значаен сегмент од годишниот биланс, според надлежните е театарската продукција. Во текот на 2025 година биле реализирани шест премиерни претстави, три на македонски и три на албански јазик. Претставите не останаа ограничени само на кумановската сцена, туку гостуваа и во други градови низ државата, како и на реномирани театарски фестивали, каде дел од нив беа и наградени.

Реклама

– Фактот што нашите претстави беа селектирани и наградени на значајни фестивали е дополнителна мотивација за целиот ансамбл и доказ дека квалитетот е препознаен и надвор од локалната средина, изјави Тодоровски.

Годината ја одбележаа и неколку традиционални и новоетаблирани манифестации. Фестивалот на проза 2025, одржан во мај, се профилираше како значајна литературна платформа, со учество на еминентни автори од земјата и регионот.

– Благодарни сме што Министерството за култура го препозна значењето на Фестивалот на проза и го постави високо на својата агенда. Очекуваме поддршката да продолжи и во 2026 година, рече Тодоровски

Успешно беше реализирано и 28-то издание на МТФ „Денови на комедија“, како и традиционалната изложба „Самоуки“ и биеналната изложба „Скици“, … Паралелно, Центарот реализираше и сопствени изложбени проекти, со што ја прошири понудата и надвор од редовната годишна програма.

Во делот на едукативните и меѓународни активности, беше реализирана куклена работилница со гости од Софија, Бугарија, насочена кон развој на куклени претстави за деца, како и гостување на детската куклена претстава „Столарот и ѓаволот“ од Театарот од Винковци, Хрватска.

Паралелно со програмските активности, значаен исчекор се очекува и на инфраструктурен план. Според најавите, јавната набавка за реконструкција и довршување на зградата на Театар Куманово е при крај, по што ќе следи избор на изведувач и почеток на завршната фаза од проектот.

– Во врска со реконструкција на Театар Куманово сакам да посочам дека при крај е јавната набавка и по завршувањето и запазувањето на сите потребни правни процедури ќе се премине кон избор на економски оператор кој ги исполнува условите за изградба на зграда на театар и би требало да се започне со реализација на завршна фаза на проектот, кон крајот на јануари и да се заврши кон крајот на 2026 година, бидејќи финансиските средства за довршување на зградата на Театар Куманово се обезбедени од страна на Министерство за култура и туризам, изјави Тодоровски.

Реконструкцијата ќе опфати целосна внатрешна и надворешна санација на објектот, ќе се подобри енергетската ефикасност и пристапноста за лица со попреченост, ќе се засили конструкцијата, ќе се модернизира големата сала и техничката опрема, ќе се реновираат помошните простории и галерискиот простор. Гледалиштето ќе има капацитет од 189 седишта во партерот, 35 на галерија и дополнителни мобилни трибини вкупна површина: 1.191 метри квадратни (подрумско ниво, приземје и кат).