Реклама
Македонија

Новогодишен базар во Чаир 

На Плоштадот „Скендербег“ во Скопје синоќа започна Новогодишниот базар во Чаир, означувајќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Плоштадот „Скендербег“ во Скопје синоќа започна Новогодишниот базар во Чаир, означувајќи го почетокот на празничната програма со голем интерес од граѓаните. И покрај студеното време, плоштадот беше исполнет со посетители кои уживаа во празничната декорација, штандовите и музичката програма, информираат од локалната самоуправа.

Како што посочуваат од Општина Чаир, вечерта беше збогатена со музика од DJ Едмир, создавајќи пријатна атмосфера за сите генерации.

Новогодишниот базар продолжува уште три вечери. Денеска од 18:00 часот ќе се реализира посебна програма за деца со маскоти и празнични активности, а од 19:00 до 21:00 часот ќе продолжи музичката програма со DJ Едмир.