Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Македонски активисти со новогодишни пакетчиња, израдуваа дел од Македончињата во Општина Пустец

Македонските активисти, Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“ и Елена Симонофски претседателка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските активисти, Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“ и Елена Симонофски претседателка на здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, продолжуваат со распределба на новогодишни пакетчиња за Македончињата во Албанија, со цел, како што велат „да внесеме радост и насмевки кај најмладите Македончиња за време на празниците“.

Тие денеска радост и насмевка им донесоа на дечињата од селата Туминец и Горна Горица, Општина Пустец.

-Денеска ги посетивме Туминец и Горна Горица, каде со многу љубов им поделивме пакетчиња на децата и календари со знакот на ВМРО-ДПМНЕ Албанија. Насмеани лица, топли прегратки и извикување „Среќна нова Година!“ – тоа е нашата сила, напиша Темелко на Фејсбук.

Реклама

Преспа, посочува, „заслужува повеќе и токму со љубов, посветеност и конкретни дела, ќе продолжиме да го градиме тоа повеќе“.

Македонските активисти вчера престојуваа во областа Голо Брдо, каде на децата од неколку села им подарија новогодишни пакетчиња.

-На радоста на децата и немаше крај, а нивната насмевка за нас беше најголемиот поттик да продолжиме со вакви и слични активности, со кои Македонците во оваа област ќе почувствуваат дека не се заборавени, рече, Темелко, по посетата на Голо Брдо.

Најави дека продолжуваат со ова активност, а вечерва, во организација на „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, во Корча за првпат се организира македонска вечер.