Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Избрана фирмата која ќе го изведе СКАДА системот на штипската водоводна мрежа

СКАДА системот ќе биде прв капитален проект на ЈП „Исар“-Штип на почетокот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СКАДА системот ќе биде прв капитален проект на ЈП „Исар“-Штип на почетокот на новата година. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски вели дека е избран економски оператор, кој ќе работи на изведба на СКАДА системот, со кој ќе се овозможи заштеда на загубата на вода низ водоводната мрежа. Дополнително тековно ќе се извршуваат и редовни активности како замена на водоводна мрежа, собирање смет и слично.

-Освен редовните активности, замена на стари дотраени водоводни и канализациски мрежи кои се наш врвен приоритет, ЈП „Исар“ од почетокот на наредната година очекуваме да почне да се инсталира СКАДА системот. Тоа беше макотрпен процес, со прибирање податоци од терен, подготовка на техничка документација, односно на основен проект, па обезбедување на финансиски средства и сега сме во фаза кога веќе е избран економски оператор кој ќе ја почне изведбата на СКАДА ситемот, изјави Арсовски.

Околу 600 илјади евра се обезбедени со цел да се имплементира СКАДА системот во Штип, со што ќе се овозможи на 35 точки во градот контрола на загубите на вода. Арсовски додава дека со импелементација на СКАДА системот, но и постојана работа на замена на старата и дотраена водоводна линија, како и изградба на резервоарите Мери и Пребег, се очекува Штип целосно да го реши проблемот со водоснабдувањето во градот.