Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Делегација на МАЕИ на традиционалниот божикен прием во  митрополијата во Корча

Делегација на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), денеска беше во посета на митрополијата на Корча.

-Заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата, Атанас Плоча, кој е и заменик градоначалник на Општина Пустец и Нико Андон, присуствувавме на традиционалниот прием во седиштето на Корчанската митрополијап, по повод големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ, изјави за МИА Васил Стерјовски, претседател на партијата.

Додаде дека на митрополитот Анастасиј, а преку него и на верниците во митрополијата му го честитале празникот и му посакале добро здравје, радост, среќа, благосостојба а се заложиле и за продолжување на верската хармонија, по која е препознатлива Албанија.

Реклама

-Од наше и од име на партијата и Македонците, и до сите верници во земјава и светот, кои го слават Божик според Грегоријанскиот календар, упатуваме честитки со желби за среќен и благословен Божик, исполнет со мир, љубов и благосостојба, посочи Стерјовски. 

Честитка до верниците по повод денешниот голем празник упати и Македонското друштво „Илинден”.