Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Мицкоски: Владата има внатрешна мобилизација за реализација на Реформската агенда

Имаме внатрешна мобилизација на Владата и институциите, и на седум до десет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Имаме внатрешна мобилизација на Владата и институциите, и на седум до десет денови правиме координација во мојот кабинет за да го следиме статусот на секој чекор, потребен за исполнување на Реформската агенда, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

На денешната седница во македонскиот парламент, прашан од пратеничката Драгана Бојковска, за текот и реализацијата на Реформската агенда, претседателот на Владата пососочи дека интензивно се работи на чекорите кои што треба да се испорачаат до 31 декември и чекорите што треба да се испорачуваат од 1 јануари.

-Точно е тоа дека поради законските ограничувања и кампањата за локалните избори дел од реформските чекори заостанаа во реализацијата. Но, исто така точно е дека по завршување на локалните избори имаме внатрешна мобилизација на Владата и институциите, и на седум до десет денови правиме координација во мојот кабинет за да го следиме статусот на секој чекор, а паралелно со тоа работиме на чекорите кои што треба да се испорачаат до 31 декември и чекорите што треба да се испорачуваат од 1 јануари. Дванаесет чекори што доцнат се чекори кои што се влезени во грејс-период и треба да бидат завршени до јуни 2026 година. На мојата последна средба со претседателката на Европската комисија (ЕК), госпоѓата Фон дер Лаен и претседателот на Европскиот совет (ЕС) Кошта, зборувавме, анализиравме и јас лично кажав дека до средината на јануари, најмалку 8 од 12 чекори ќе бидат испорачани, истакна премиерот Мицкоски.

Реклама

Пред пратениците во Собранието, премиерот потврди дека 10 од 12 чекори се испорачани, а два нема да се испорачаат.

-Откако инетензивно почнавме да работиме на Реформската агенда, можам да кажам дека 10 од 12 чекори се испорачани, а 2 нема да испорачаме и ќе кажам зошто за да знае македонската јавност. Првиот чекор кој според нив не е испорачан е во енергетиката, а тоа е донесениот и усогласен со Канцеларијата на ЕК, Закон за енергетика. Според нас чекорот е завршен, а според нив, не е завршен затоа што дел од подзаконските акти за кои имаме грејс период од 9 до 18 месеци не се изработени, но и маркет-каплингот (market coupling), не е завршен кој зависи од Брисел, а тие таму не го завршиле. Нашиот став е јасен, тоа што зависеше од нас е испорачано. Овој чекор треба да биде прифатен како завршен или треба да добиеме нов рок до декември 2026 година. Вториот чекор е Реконструкција на објектите кои што се во сопственост на државата со енергетска ефикасност, јасен план од 3 проценти на тој тип објекти за следните три години. Експерт на ЕК работеше со Министерството за енергетика, определени се приоритетите, усвоени се од Владата, формиран е Надзорен комитет за реализација на овој проект и на следна седница на Влада ќе бидат определени средства за реализација на овој проект со што пред нова година ќе се смета дека овој чекор е завршен. Третиот чекор во енергетиката е врзан со либерализација на пазарот на електрична енергија за граѓаните кој свесно рековме дека нема да го исполниме затоа што ако тоа се случи, и ако не продолжиме да ја субвенционираме електричната енергија, тогаш граѓаните ќе добијат сметки за електрична енергија кои се 50 до 70 проценти повисоки од сегашните, нагласи премиерот Мицкоски.

Во рамки на Реформската агенда се четвртиот чекор за усогласување на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР содржан во извештајот за изборите од 2024 година. Овој закон ќе биде донесен по завршување на дополнителните локални избори, потоа Петтиот чекор поврзан за  Судскиот совет, законот е изготвен, одобрен од Венецијанска комисија, влезен е во собраниска процедура и според премиерот Мицкоски, таа процедура треба да заврши во првата половина од следната година, а шестиот чекор е поврзан со одобрувањето на планот за вработување и унапредување во јавните обивинителства и судови. Владата на следна седница ќе донесе одлука за распишување оглас за нова десетта генерација судии и обвинители што ќе ја посетуваат Академијата за што се обезбедени буџетски средства.

-Седмиот чекор поврзан со барањето План за реструктуирање на двете државни компании во железницата, МЖ Инфраструктура и МЖ Транспорт. Во соработка со експерт од ЕК, министерството и компаниите направија план и во вторник на владина седница ќе го усвоиме планот за реструктуирање. Осмиот чекор е оптимизација и дигитализација на услуги кои ги даваат одредени институции, деветтиот чекор е поврзан со усогласување на Законот за електронски комуникации кој што мора да биде усогласен со Законот за градење, бидејќи за прв пат се опфаќа поимот гигабитна инфраструктура. Очекувам до крајот на месецот да завршат и овие процеси. Вака интензивна посветеност на Реформската агенда досега немало. Еден дел од чекорите што беа предвидени до 31 декември ќе се реализираат, а оние што ќе влезат во грејс-период ќе ги завршиме во првите три месеци од следната година, што значи од 1 април, како ниту една земја во Западен Балкан, влегуваме во колосек и навремено ќе ја реализираме Реформската агенда, истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички парашања, премиерот Христијан Мицкоски информира дека Владата работи и на планот да нема роаминг за македонските граѓани.