Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Државно-политичкиот врв со честитка до верниците кои денеска го слават Божик

Државниот врв на Македонија им го честита Божик на верниците што денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот врв на Македонија им го честита Божик на верниците што денеска го прославуваат Рождеството Христово.

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, им посака на верниците добро здравје, духовен мир и радост и ги повика божикните празници да бидат поттик за чинење добри дела и заемно почитување.

Премиерот Христијан Мицкоски, во божикната честитка, порача дека празничните мигови треба да бидат потсетник за обединување, бидејќи, како што рече, заеднички може да се изгради држава во која секој граѓанин ќе се чувствува ценето, заштитено и исполнето, со надеж за поубава иднина.

Реклама

Честитка до верниците испрати и претседателот на Собранието, Африм Гаши, посакувајќи им празничните денови да ги поминат во добро здравје, семејна топлина, спокој, надеж и оптимизам за годината што претстои.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во честитката по повод Божик порача дека ова е празник на надежта, љубовта и заедништвото. „Овој голем празник нè потсетува дека само со солидарност, меѓусебна почит и грижа едни за други можеме да изградиме поправедно и похумано општество, во кое секој граѓанин ќе има еднакви можности и сигурна иднина“, порача Филипче во честитката.