На стартот на дебатата за Буџетот на Град Скопје за 2026 година, градоначалникот Орце Ѓоргиевски даде детална анализа на наследената финансиска и институционална состојба и на постигнатите резултати во краткиот период откако ја презеде функцијата. Како што кажа тој, на сметката на Градот наследиле 40 милиони денари, а сега има 400 милиони.
Според него, за само 40 дена успеале да направат повеќе во образованието отколку некои во цел мандат. Обезбедени биле средства за Луна паркот, за првата фаза од подземната сообраќајница кај „Лимак“, за кружниот тек во Ѓорче Петров. Решена била и експропријацијата кај Момин Поток.
