Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ДУИ: Неприфатлив политички потег отпуштањата во Министерството за односи меѓу заедниците

Демократската унија за интеграција изразува длабока огорченост и сериозна загриженост поради скандалозниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократската унија за интеграција изразува длабока огорченост и сериозна загриженост поради скандалозниот и политички неприфатлив потег на министерот Иван Стоилковиќ, кој отпушти седум вработени Албанци од Министерството за односи меѓу заедниците – институција од клучно значење за спроведување на Охридскиот договор и за гарантирање на меѓуетничката еднаквост во државата, стои во соопштението на ДУИ.

Оваа одлука претставува директен удар врз принципите на еднаквост, соживот и правична застапеност и не може да се оправда со невистинити и навредливи изговори за јавноста, како што е тврдењето за таканаречена „дисциплинска мерка“.

Во услови кога на вработените им се ускратени најосновните услови за работа – функционални канцеларии, столчиња, техничка опрема и конкретни работни задачи – секоја ваква мерка претставува административна фарса и доказ за однапред умислена дискриминаторска намера.

Реклама

Од првиот ден на формирањето на оваа Влада и преземањето на овој ресор од страна на министерот Стоилковиќ, албанските вработени зборуваат за веќе добро позната реалност: намерна изолација на еден кат од Министерството, целосен недостиг на основни услови за работа, постојан психолошки притисок и траен страв од селективни отпуштања. Денешната одлука само ја потврдува оваа континуирана и добро организирана намера.

Иронијата е вознемирувачка и политички опасна: Министерството, кое треба да ја штити меѓуетничката еднаквост, свесно се претвора во флагрантен пример за нејзино кршење. Овој потег не е ниту случаен ниту индивидуален, туку одразува пристап кој директно го нарушува духот и начелата на Охридскиот рамковен договор.

ДУИ ја оценува оваа состојба не како обичен административен проблем, туку како сериозен политички и општествен аларм кој ги загрозува меѓуетничките односи. Одговорноста не паѓа само врз министерот Стоилковиќ, туку и врз неговите владини партнери, особено ВМРО-ВЛЕН, чие молчење пред овој скандал е исто толку загрижувачко како и самите постапки на министерот и претставува политичка соодговорност.

Демократската унија за интеграција бара итен прекин на дискриминаторските практики во ова Министерство, безусловно враќање на неправедно отпуштените вработени, како и целосна институционална истрага и јасна политичка одговорност за овој флагрантен акт на дискриминација.

ДУИ ќе продолжи решително да ги брани достоинството, правата и меѓуетничката еднаквост и нема да молчи пред ниту еден обид за враќање на етноцентрични политики кои оваа држава еднаш засекогаш ги остави зад себе.