Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Младите од охридската Гимназија и оваа година ја спроведуваат акцијата „Подари компјутер“ за врсниците од социјално загрозени семејства

Учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ преку Младинската заедница и оваа година…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ преку Младинската заедница и оваа година ја организират новогодишната хуманитарна акција „Подари компјутер“.

Станува збор за акција преку која се собираат стари исклужени компјутери, лаптопи, таблети што не се користат, но се функционални или можат лесно да се оспособат.

Акцијата има за цел да им помогне на ученици и семејства од социјално ранливи категории, кои немаат соодветен пристап до компјутерска опрема неопходна за образование и секојдневно учење.

Реклама

„Во современото општество, пристапот до компјутер и дигитални алатки е од клучно значење за рамноправно учество во образовниот процес. За жал, дел од учениците и понатаму се соочуваат со дигитална нееднаквост, што директно влијае врз нивниот успех и можности за развој. Токму затоа, преку оваа хуманитарна иницијатива, сакаме да поттикнеме солидарност и општествена одговорност кај граѓаните и институциите“, се посочува во повикот од  Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ упатен кон граѓаните.

Тие апелираат до граѓаните, компаниите и организациите да се приклучат на акцијата и да донираат стари компјутери, лаптопи, монитори, тастатури и друга придружна информатичка опрема што не се користи. Опремата ќе биде технички проверена и подготвена за употреба, а потоа донирана на оние на кои им е најпотребна.

„Со оваа акција на неискористената опрема и се дава нова вредност, и нова намена – поддршка на образованието и иднината на младите. „Подари компјутер“ е повик за заедничка акција, со која покажуваме дека мал гест може да направи голема промена“, потенцираат од Младинската заедница.

Акцијата првпат беше организирана во 2022 година и успешно беше реализирана изминатите години. Во последната акција 50-тина  ученици добија компјутери, таблети, мобилни телефони.