Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Честитка по повод Божиќ од вицепремиерот Љупчо Димовски до верниците од католичка вероисповед

Вицепремиерот за политички систем упати божиќна честитка до Скопскиот бискуп и Апостолски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот за политички систем упати божиќна честитка до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов и до верниците од католичка вероисповед по повод големиот празник Божиќ.

– Рождеството Христово е празник на љубовта и радоста, празник на спокојот и милосрдието, празник кој нè потсетува на вистинските патишта и нè учи да ги почитуваме високите морални вредности. Божиќ е денот на радоста во душата кај секој верник, кога во мир и спокој ја прима и се радува на веста за Христовото раѓање. Оттаму Божиќната радост да ја споделиме со најмилите и најблиските, затоа што овој светол ден не учи на милосрдие и солидарност, на споделување и помагање на оние на кои тоа им е потребно, затоа што порачува да бидеме човечни и да ги сакаме нашите блиски, но и подалечните, се вели во честитката.

Во овие времиња, додава Димовски, најмногу ни се потребни токму овие вредности.

Реклама

– Затоа што добрината е нападната од нечесноста, затоа што делбите, притисоците и одмаздата станаа основна карактеристика на нашето општество, затоа што е присутно чувството на страв, немир и разочараност кај луѓето и зато што некои заборавија на разумот и на мудроста и сето тоа мора да престане. Повторно да завладее добрата  мисла, благиот збор и трезвеноста. Да си го повратиме заедништвото и да го зацврстиме единството, вели вицепремиерот Димовски во честитката..