Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Дебарските комуналци за три дена подигнаа над 12 тони отпад, главно од централното градско подрачје

Општина Дебар како дел од своите активности за заштита на животната средина,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Дебар како дел од своите активности за заштита на животната средина, во соработка со Јавното комунално претпријатие „Стандард“, организираше тридневна еколошка акција фокусирана на чистење на дивите депонии низ градот, со посебен фокус на централното градско подрачје.

Нертил Османи, директор на претпријатието информира дека за овие три дена подигнати се над 12 тони отпад.

-Вклучени бевме со сите расположливи капацитети и сметам дека дадовме конкретен придонес за подобрување на хигиената и чистотата во градот. Овие активности нема да завршат тука, туку ќе продолжат како дел од нашата секојдневна работа, со главна цел градот да ја добие заслужената чистота, рече тој.

Реклама

Активностите на терен одблиску ги следеше градоначалникот Фисник Меља, кој ја истакна важноста на институционалниот ангажман за заштита на животната средина и подобрување на условите за живот на граѓаните, во што треба да придонесат и самите.

-Остануваме посветени на реализација на вакви активности и во иднина. Посебна почит кон комуналците кои го светнаа градот пред претстојните празници и доаѓањето на иселениците во родниот крај. Апелирам до граѓаните на соработка и континуирана свесност за одржување на чиста животна средина. Посакувам заедно да го наравите Дебар најчист град не само во државата туку и пошироко, рече Меља.

Идентичен апел упати и директорот Османи, додавајќи дека се интензивирани активностите за одржување на чистотата на јавните површини и за собирање отпад во градот и селата.

Во таа насока, додава, обезбеден и првиот контингент од 2.542 контејнера, секој со капацитет од по 120 литри наменети за собирање мешан отпад, кои веќе се распределуваат низ градот откако тоа е направено за населените места, што значително ја олеснува работата на комуналната служба.