Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го колабираше и го опљачка енергетскиот сектор

Со кој кредибилитет СДСМ зборува за покачувањето на цената на електричната енергија?…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со кој кредибилитет СДСМ зборува за покачувањето на цената на електричната енергија? Тие можеби забораваат, ама народот добро памети колкави сметки за струја плаќаше во време на власт на СДСМ, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Поради колапсот и неспособноста да менаџираат со електроенергетските капацитети, како криминалните тендери со кои се богатеа, за седум години власт, СДСМ ја поскапе струјата за 50%.

Вистинското место на кое СДСМ може да се обратат за состојбите во енергетиката се нивните функционери и поставени кадри да го пљачкаат енергетскиот сектор.

Реклама

Затоа што парите од овој, за нив, профитабилен бизнис се во криминалните тендери кои СДСМ преку нивните раководства во енергетските компании, си ги местеше, за што над 50 нивни функционери се со кривични пријави, меѓу кои и Васко Ковачевски кој е во бегство со украдените пари.

Од целиов синџир на криминални тендери, не изостанува ниту претседателот на, сега душегрижникот СДСМ, Венко Филипче.

Па затоа го прашуваме од каде му е службеното луксузно Ауди и каква е неговата врска со Енис Колашинац кој ЕСМ го снабдуваше со јаглен за време на власт на СДСМ и бугарската фирма.

Ако не се сетат СДСМ и Филипче, ние ќе ги потсетиме со сите факти и аргументи.

За разлика од нивното време, сега Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено се работи на консолидација и развој на енергетскиот сектор.

За таа цел продолжуваат големите инвестиции, меѓу кои и последната од пред неколку дена каде што беше потпишан договор вреден 97 милиони евра за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализација на хидроелектраните.

Тука се и ветерниот парк во Богданци во 37,6 милиони евра, како и големата инвестиција на „Алказар енерџи“ во Штип и околината во вредност од околу 500 милиони долари.

Паралелно на ова, за граѓаните да не ги осетат потешкотиите и да го заштити нивниот стандард во периодот на консолидација на енергетскиот сектор, Владата одлучи да ги субвенционира сметките на струја на граѓаните.

Од друга страна, зголемувањето на цената на струјата во Македонија е најниско во Европа, а СДСМ тие што цело време лажеа и ширеа паника дека ќе има дупло поголемо зголемување. За тоа треба и јавно да се извинат.

Определбата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е јасна, заштита на животниот стандард на граѓаните и систематско, континуирано и одговорно инвестирање во енергетски капацитети, со цел да ја зајакнеме енергетската независност.