Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Хуманитарното друштво „Ивона Пешевска“ ја реализира акцијата „Од сестрите за сестрите“

Хуманитарното друштво „Ивона Пешевска“ при Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хуманитарното друштво „Ивона Пешевска“ при Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС) предводена од здружението „За нас“ и годинава ја реализира традиционалната хуманитарна акција „Од сестрите за сестрите“, со цел поддршка и унапредување на видливоста на медицинските сестри во здравствениот систем.

Во изминатите години, преку оваа иницијатива беа посетени медицинските сестри во патронажните пунктови и службите за итна медицинска помош низ целата држава. Акцијата е насочена кон директна комуникација со медицинските сестри, препознавање и пренесување на нивните потреби, како и изразување благодарност за нивната секојдневна посветеност преку симболични предновогодишни подароци. Хуманитарното друштво има за цел да испрати јасна порака за значењето на меѓусебната поддршка, солидарноста и професионалното единство меѓу медицинските сестри.

Друштвото го носи името на прерано починатата медицинска сестра Ивона Пешевска, која преку чинот на органодарителство, благодарение на одлуката на нејзиното семејство, овозможи спасување на повеќе животи и претставува пример за хуманост и општествена одговорност.

Реклама

Хуманитарниот караван за 2025 година почнува денеска во Клиничката болница во Тетово, продолжува на 26 декември во Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” – Скопје, на 29 септември во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје, а завршниот настан ќе се одржи на 30 декември во Клиничкиот ургентен центар во Скопје.

„Акцијата ‘Од сестрите за сестрите’ претставува континуирана заложба за поддршка на медицинските сестри и за укажување на потребата од подобри услови, поголема видливост и заедничко делување во рамки на професијата. Преку вакви активности ја потврдуваме нашата посветеност кон унапредување на сестринството“, изјави претседателот на Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението „За нас“, Гордана Бешлиовска.

Од Здружението посочуваат дека хуманитарното друштво „Ивона Пешевска“ и ЗМСТАС и „За нас“ и понатаму ќе продолжат со активности насочени кон поддршка на медицинските сестри и јакнење на професионалната солидарност во здравствениот сектор.