Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

СДСМ: Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја поради криминалните тендери на ДПМНЕ

Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандарод на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандарод на граѓаните. Криминалните тендери и неспособноста на Сања Божиновска во секторот енергетиката ја турнаа државата во енергетска криза и повторно ги удрија граѓаните по џеб, се наведува во соопштенето од СДСМ.

За само година и половина, владата на Мицкоски и Сања Божиновска која го води овој сектор ја доведе државната ЕСМ до колапс. 

Производството е на историски најниско ниво, од предвидените 5.000 GWh не се произведени ниту 3.000 GWh.

Реклама

Затоа наместо домашна струја која што државата ќе ја чини 80-90 евра по мегават час, Владата купува струја за 140 евра по мегават час. 

Зошто? Па за тендери. Тоа го прват насекаде со секој можен тендер. Зошто фали 1 милијарда евра во буџетот? Исто за тендери, како што се 161 тендер за една фирма или 9 милиони евра за друга фрима за двајца вработени.

Загубата на ЕСМ е 77 милиони евра досега или над 100 милиони евра до крајот на 2025 година. Ако на ова се додадат и 110 милиони евра долгови на ЕСМ кои ги има земено како кредити, тоа се 200 милиони евра на грбот на граѓаните.

Затоа поскапе струјата. Граѓаните ја плаќаат сметката за овие криминални тендери и епска неспособност.

Дали сега поскапувањето на струјата владата ќе го објасни можеби со некоја нова анкета колку добро стојат? Уште некој дефокус ќе смисли ли?

Одговорност мора да има. Работата не е завршена.