Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Општина Дебар за првпат спроведува заеднички прекуграничен проект со грчка општина

Општина Дебар, која до сега има реализирано повеќе проекти со општини од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Дебар, која до сега има реализирано повеќе проекти со општини од соседна Албанија, поддржани од Европската унија, за првпат спроведува заеднички проект со општина од Грција, поврзан со управувањето со комуналниот отпад и неговото рециклирање.

-Учеството на Општина Дебар во прекугранични проекти поддржани од Европската Унија треба да биде почесто, бидејќи овие проекти создаваат можности за спроведување на конкретни активности и подобрување на животот на граѓаните. Во оваа насока, новата локална самоуправа започна со имплементација на прекуграничен проект со грчката општина Војо, информира општинската прес-служба.

Во рамки на проектните активности, тимот на Општина Дебар, предводен од градоначалникот Фисник Меља, учествувал на почетниот (kick-off) состанок на проектот во општина Војо. За време на посетата била одржана и заедничка средба меѓу градоначалниците на двете општини, на која биле разменети искуства и институционални пристапи поврзани со управувањето со комуналниот отпад, локалните еколошки политики и вклучувањето на граѓаните во процесите на селекција и рециклирање.

Реклама

-За време на посетата на Војо двајцата градоначалници ја нагласија важноста на прекуграничната соработка како значаен инструмент за справување со заедничките предизвици и размена на добри практики на локално ниво, посочуваат од општинската прес-службата.

Проектот ReWaste има за цел унапредување на системите за управување со отпад преку воведување иновативни решенија за селекција и рециклирање, системи за наградување на граѓаните и промоција на циркуларната економија.

Од Јавното комунално претпријатие „Стандард“ оценуваат дека проектот е од големо значење и за градот и за руралните средини во општината, посочувајќи дека досегашните активности за рециклирање не дале очекувани резултати поради недоволната свест кај граѓаните. Се очекува проектот да придонесе кон поефикасно управување со отпадот и зголемување на еколошката одговорност.

На средбата биле разгледани можностите за подготовка на други проекти од областа на екологијата.