Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Новогодишен коктел на Клубот на почесни конзули

На ден 22.12.2025 година се одржа новогодишниот коктел на Клубот на почесни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На ден 22.12.2025 година се одржа новогодишниот коктел на Клубот на почесни конзули.

Покрај членовите на клубот – почесните конзули на странски држави во Македонија, на настанот присуствуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Тој ја нагласи значајната улога која ја имаат почесните конзули во одржувањето на севкупните односи помеѓу земјите кои ги претставуваат и Македонија.

Реклама

Притоа, министерот Муцунски уште еднаш ја реафирмираше својата поддршка и поддршката на институцијата со која раководи – Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за клубот и неговите членови. На настанот свои кратки обраќања имаа и претседателот на клубот, Ајдован Адемоски – почесен конзул на Турција, како и генералниот секретар на клубот, Марко Андонов – почесен конзул на Грузија.

Притоа, беа истакнати активностите и достигнувањата на клубот во тековната година, акцентирајќи го приемот на Клубот на почесни конзули како полноправна членка на FICAC – меѓународната федерација на почесни конзули, како и дел од активностите кои се планирани да се реализираат во текот на 2026 година.