Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Ѓорѓиевски: Подароци за најчистите души од згрижувачките семејства

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со искрена посветеност кон најмладите и најранливите категории деца,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со искрена посветеност кон најмладите и најранливите категории деца, и овојпат покажа дека хуманоста и грижата се во сржта на локалната самоуправа, се вели во соопштението на Град Скопје. 

Во духот на празничната магија и солидарноста, беше организирана посебна вечер исполнета со радост, насмевки и детска среќа, наменета за децата од згрижувачките семејства и од ЈУ Детски дом „11 Октомври“.

Во прилог објавата на социјални мрежи од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски:

Реклама

Подароци за најчистите души

Вечерва, срцето на градот чукаше најсилно токму таму каде што се најчистите насмевки.

Со организација на кино-проекцијата на филмот „Биби и Боби“, им подаривме радост на 100 дечиња од згрижувачките семејства од Скопје и од организационите единици при ЈУ Детски дом „11 Октомври“.

Сала исполнета со смеа, возбуда и детска искреност, моменти што нè потсетуваат колку малку е потребно за голема среќа, а колку многу значи вниманието. 

По завршувањето на филмот, поделивме новогодишни пакетчиња за сите дечиња.

Како градоначалник, но пред сè како човек, останувам цврсто посветен на создавање можности, поддршка и сигурност за најмладите, особено за децата кои се дел од системот на социјална заштита. 

Нивната радост е нашата најголема обврска.

Секое дете заслужува внимание, љубов и убави празнични денови.