Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Дворот на Дедо Мраз во Кавадарци отворен по 28. пат 

Дворот на Дедо Мраз во Кавадарци е отворен по 28. пат, семејниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дворот на Дедо Мраз во Кавадарци е отворен по 28. пат, семејниот имот на кавадарчанецот Ѓорѓи Вареловски со безброј украси, вечерва беше место во кое уживаа ученици од неготинското основно училиште ,,Страшо Пинџур”. Дедо Мраз им подели пакетчиња, а заедно пееја новогодишни песни. 

– Среќата е бескрајна, со зборови не се опишува оваа заедничка радост. Прекрасно е чувството да се биде меѓу овие насмеани лица, рече Вареловски.

Меѓу многубројните украси, децата можеа да забележат и старински предмети поврзани со грозјето и виното во најголемиот лозаровинарски регион во државата, експонати што претставуваат стари занаети. 

Реклама

Со години наназад, дворот на Дедо Мраз во Кавадарци го посетуваат дечиња од земјава и странство, а домаќините, Милка и Ѓорѓи Вареловски се трудат да им ги разубават новогодишните празници. Истовремено, секоја година, тие донираат подароци за ранливи категории на граѓани, упатувајќи порака дека сите луѓе заслужуваат почит и празнично расположение.