Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Мисајловски: 2026 ќе биде година на забрзана модернизација и посилни одбранбени капацитети

Македонија не планира испраќање војници во Украина. Таква одлука ниту била разгледувана,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија не планира испраќање војници во Украина. Таква одлука ниту била разгледувана, ниту се зема предвид, дециден е министерот за одбрана Владо Мисајловски по изјавите на шефот на НАТО, Марк Руте дека неколку европски земји се подготвени да испратат свои војници во Украина за да помогнат во одржувањето на мирот. Според Мисајловски, Армијата останува фокусирана на модернизацијата и исполнувањето на обврските во рамките на сојузништвата.

  • „Воопшто не планираме такво нешто. Македонска војска нема да биде испратена на украинска територија. Ова многу пати сум го кажал и повторно го истакнувам. Ние се фокусираме на нашата модернизација и на нашите обврски. Секако, како дел од едно големо сојузништво, ќе помагаме на секој начин на кој можеме, но таква одлука ниту била на маса, ниту се разгледува“ рече Мисајловски.

Според Руте детали за распоредувањето на силите кои би се испраќале во Украина нема да се дискутираат јавно, но потврди дека повеќе земји веќе изразиле подготвеност за испраќање свои единици. Претходно, лидерите на земјите учеснички во Коалицијата на доброволци официјално потврдија дека се подготвени за распоредување сили за поддршка на Украина за обезбедување на  гаранции по завршувањето на војната.

Од друга страна, во насока на исполнување на НАТО стандардите и барањата на Алијансата за модернизација на македонската армија, Одбрана идната година за тоа ќе вложи 116 милиони евра од речиси 360 милиони евра колку што е предвидено за касата во Министерството.

Реклама
  • „Трите приоритети на кои почива одбраната и за кои говорев на крајот на минатата година – тоа е стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се приоритетите кои можеа да се увидат во секој исчекор кој го направивме во 2025 година. А тоа се столбовите на кои ќе продолжиме да ја градиме одбраната и Армијата и во 2026 година“, посочи тој.

За капиталните инвестиции, министерот истакна дека буџетот се реализира согласно динамиката на набавките, и дека дел од заштедите се пренасочени кон купување резервни делови за американските возила во Армијата. Според Мисајловски, два од хеликоптерите „Леонардо“ се очекува да пристигнат следната година.