Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Петрушевски: Каде завршиле испраните 2 милиони евра од ЕСМ, во Мала Речица или Бихачка

Кадрите на СДСM и ДУИ во ЕСМ снабдување со топлина, фатени во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кадрите на СДСM и ДУИ во ЕСМ снабдување со топлина, фатени во криминал тежок неколку милиони евра. СДСM и ДУИ се однесуваа кон институциите како да се нивна приватна фирма. Тендер вреден 8 милиони евра завршил во фирма договорена од Бујар Дардишта, кадар на ДУИ, а именуван од СДСM, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Откако го договориле тендерот, потоа директорот заедно со уште 32 лица, испрале 2 милиони евра, пари на граѓаните.

Дека во ЕСМ снабдување со топлина се правело што сакале СДСM и ДУИ, ја потсетуваме јавноста дека во Надзорниот Одбор беше и ќерката на тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери.

Реклама

СДСM и ДУИ да не молчат, туку да одговорат каде завршиле овие испрани 2 милиони евра? Дали лица од тогашниот врв на СДСM и ДУИ имаат вмешано прсти во случајот? Дали парите завршиле на Мала Речица или Бихачка? И зошто и СДСM и ДУИ молчат и не се оградуваат од случајот?

Јавноста заслужува одговори, а ЈО да си ја врши работата независно и одговорно