Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Амбасадата на САД потврди дека Агелер си заминува од земјава

Амбасадорката Анџела Агелер е меѓу дипломатите од кариера кои се отповикани како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорката Анџела Агелер е меѓу дипломатите од кариера кои се отповикани како дел од неодамнешната одлука на претседателот Доналд Трамп која опфати смена на околу 30 амбасадори на САД.

– Длабоко сме и благодарни на амбасадорката Агелер за нејзината служба во Северна Македонија во изминатите три години и посветени сме на обезбедување непречена и ефективна транзиција што ќе им даде приоритет на мисијата на САД и нашите дипломатски односи, се вели во изјавата на Амбасадата.

Амбасадата нагласува дека ќе продолжи да работи нормално во текот на овој процес.

Реклама

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, менува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и други позиции во амбасадите.

Стејт департментот не го коментираше конкретниот број на персонал или амбасадори на кои се однесува ова, но соопшти дека се работи за стандарден процес во секоја администрација. Како што е соопштено, амбасадорот е „личен претставник на претседателот и право на претседателот е да осигура дека во овие земји има поединци кои ја унапредуваат неговата агенда ’Америка на прво место‘“.

Најмногу погодена од смените е Африка, каде се повлечени амбасадорите од 13 земји – Бурунди, Камерун, Зеленортските Острови, Габон, Брегот на Слоновата Коска, Мадагаскар, Маврициус, Нигер, Нигерија, Руанда, Сенегал, Сомалија и Уганда.

На второ место е Азија со промени на амбасадорите во шест земји – Фиџи, Лаос, Маршалските Острови, Папуа Нова Гвинеја, Филипини и Виетнам.

Во Европа, смени ќе има во Ерменија, Македонија, Црна Гора и Словачка.

На Блискиот Исток во две држави – Алжир и Египет, колку и во Јужна и Централна Азија – во Непал и Шри Ланка, како и во Западната хемисфера – во Гватемала и Суринам.