Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски покажува дека „новото“ раководство на СДСM се сведува на група блиски до Заев

Очигледно е дека нема граница која Венко Филипче нема да ја помине…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Очигледно е дека нема граница која Венко Филипче нема да ја помине за да ги задоволи апетитите и агендата на Зоран Заев, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. На листата на Извршниот одбор на “новото“ СДСM се најде и Јон Фрчкоски, син на идеологот на партијата.

Во СДСM можете да најдете буквално се што не може на друго место, лица кои се компромитирани, лица кои ги злоупотребиле своите службени позиции, лица кои ќе направат се да останат во близина на поранешниот лидер на партијата, но секако и луѓе кои користат наркотици.

Јон Фрчкоски, за кој пред неколку месеци излегоа фотографии во јавноста каде јасно се гледа како користи психотропни супстанци, на своето работно место.

Реклама

Филипче немаше коментар за ова, не се огради, па дури и кога Фрчкоски се обиде да даде оставка од директор на Центарот за аналитика на СДСM, Филипче не ја изнесе пред Централниот одбор на партијата, па како што изјави и самиот Фрчкоски минатата недела: ,,Не се враќам, никогаш не излегов, мојата оставка не беше разгледана“.

Но, Фрчкоски никогаш не одговори на прашањата поврзани со ова, како на пример, каде ја користел дрогата, од каде му е истата?

Дали во СДСM владеат правила на некаква паралелна реалност, со оглед на тоа што очигледно се целосно отсечени од јавната перцепција? Зарем навистина сметаат дека јавноста не го следи и не го разбира она што го прават, и дека лицата што ги претставуваат како ‘нови’ се одамна компромитирани a некои од нив дури и јавно политички потрошени?