Реклама
Македонија

Двајца македонски државјани утрово загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Белград – Ниш

Двајца македонски државјани утрово загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Белград…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двајца македонски државјани утрово загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, јавуваат српските медиуми. Според првичните информации, возило марка „Сеат“ со германски регистарски ознаки изгубило контрола и излетало од коловозот. На самото место загинале маж и жена – возачот и совозачот, додека уште едно лице со тешки повреди е пренесено во болница. Истрагата е во тек.