Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Петрушевски: Криминалната шема на СДСM и ДУИ во ЕСМ – наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Криминалната шема на СДСM и ДУИ во ЕСМ, испрала 2 милиони евра,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Криминалната шема на СДСM и ДУИ во ЕСМ, испрала 2 милиони евра, пари на граѓаните. Во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДСM и ДУИ, во ЕСМ бил наместен тендер вреден 8 милиони евра, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на Бране Петрушевски.

Наместо транспарентна јавна набавка, биле вклучени две правни лица, едно од Скопје и едно од Куманово, со однапред поделенa улога. Фирмата од Куманово, се јавила со непотполна документација и со повисока цена, класична декорација за да се глуми конкуренција.

Паралелно, скопската фирма дала понуда речиси идентична со проценетата вредност, иако таа вредност воопшто не била објавена во огласот. Потоа, за да се испере трагата, осомничените, пуштале во оптек, примале и пренесувале средства во вредност од 2 милиони евра, што е основ за кривично дело перење пари. По примерот на Заев и Филипче, вака се местеле тендерите во државата, кога владееја СДСM и ДУИ.

Реклама

Од СДСM и ДУИ молк, ниту оградување, ниту дистанцирање, туку напротив, штитење на криминалот. Затоа, СДСM и ДУИ и натаму ќе бидат во длабока опозиција.