Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСM да говори загаден воздух

Навистина е лицемерно СДСM да говори загаден воздух. Ветуваа „ајро ајро“ на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Навистина е лицемерно СДСM да говори загаден воздух. Ветуваа „ајро ајро“ на митинг, почист воздух, а во суштина нивен министер протестираше против загадувањето на воздухот наместо да преземе мерки, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во време на СДСM, парите наместо за животна средина и почист воздух, се трошеа 1.6 милиони евра за лубриканти.

За 7 години можеа барем за 10% да го намалат загадувањето на воздухот, ама приоритет им беше градење згради, како што сакаа во Ѓорче во Хром да никнат 100 згради во 2020 година и Расадник исто така 100 згради исто периодот 2020 година.

Реклама

Да резимираме, доколку СДСM навистина сакаше, можеше да преземе нешто.

А сега би сакале да ги напоменеме нашите чекори кои како централна власт за 1,5 година ги преземаме, заедно со локалната.

– Стратегија за почист воздух 2024-2030

– Субвенции за инвертер клими

– Прочистувачи на воздух низ градинките во Скопје

– Масовно пошумување на државата

– Гасификација на државата

– Град Скопје воведе мерки и препораки до граѓаните за заштита од загадениот воздух

– Изградба на 2 когенеративни централи на влезовите во Скопје

– Паркови со клупи во кои има вградени прочистувачи на воздухот

Ова се само дел од чекорите кои ги имаме преземено, во делот справување со загадениот воздух.

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСM се гледа и во рејтингот. Затоа наместо соопштенија напишани од ВИ, нека седнат и нека научат сами да пишуваат и нека сфатат дека долго време ќе бидат опозиција со овој пристап.