Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Огњеновиќ: Стојановски потврди дека со Резолуција власта сака цензура на медиумите

Нов ден, нов доказ дека власта сака да ја задуши слободата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов ден, нов доказ дека власта сака да ја задуши слободата на говор и да воведе цензура со неуставната Резолуција. Пратеникот на ДПМНЕ, Бојан Стојановски, синоќа, во интервју на Сител Телевизија потврди се она што го говориме цело време. Фалејќи ја Резолуцијата Бојан Стојановски вели „Ова е добро за медиумите“ бидејќи ќе се „санкционирало ширењето невистини во јавноста“, се вели во изјава на Петар Огњеновиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Они да бидат тие кои ќе оценуваат што е вистина што е лага. Ја видовме нивната „вистина„ преку секојдневните дефокусирања со лажни вести.

Значи Стојановски потврди дека неуставната резолуција не е насочена само кон осуда на опозицијата, туку и кон медиумите. Заради темата мигранти за пари.

Реклама

Што е следно? Кривични пријави, прогон, декрет? Забрани за медиумите да објавуваат вести кои не и одговараат на власта?

Слободните медиуми се клучна алка во секое демократско општество и обидот за нивно замолчување е дело само на авторитарен режим.

Сите што ја критикуваат власта ДПМНЕ ги прогласува за дезинформатори!

Оваа е режимска матрица каде секоја критика се толкува како закана за државата.

Нема да ви дозволиме.

Правдата ќе победи.