Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Македонскиот олимписки комитет ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година

На свечена церемонија во Скопје, Македонскиот олимписки комитет ги додели наградите „Златна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На свечена церемонија во Скопје, Македонскиот олимписки комитет ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година на најуспешните спортистки, тренерки и спортски работнички, како и на оние кои придонесуваат за развој на спортот во женска категорија и промоција на родова еднаквост.

Во категоријата „Најдобар женски национален тим“, наградата ја доби Фудбалската репрезентација до 17 години, која постигна историски успех со освојување на првото место во групата на квалификацискиот турнир (Б лига) и обезбеди промоција во А лигата за Европското првенство.

Воедно, во тренерската категорија, признанието за „Најуспешна тренерка“ го понесе Катерина Милеска, селекторка на оваа репрезентација, за нејзината посветеност и стратегија која го овозможи овој значаен резултат.

Реклама

За „Најуспешна спортска работничка“ е прогласена Гордана Николовска Кузмановска, за нејзината организација на Европскиот младински олимписки фестивал и Скопски маратон, додека титулата „Најнадежна млада спортистка“ ја понесе Мери Бошковска за историскиот пласман со клубот „Јанта Волеј Кисела Вода“ во третата рунда од квалификациите за ЦЕВ Лигата на шампионите, каде што таа беше прогласена за најдобра одбојкарка на двата натпревари против босанскиот тим „Гацко“.

За „Најуспешна судијка“ е избрана Ема Никочевиќ, прва ФИБА судијка од Македонија, која во 2025 ја одбележа личната и професионалната победа – враќањето на теренот по тешка здравствена битка, а признанието за „Спортски подвиг“ го понесе Катерина Шиповиќ која освои прво место на трката во Серес со истрчани 202 километри за 24 часа.

За „Најуспешна спортистка“ во 2025 година е прогласена Милијана Релиќ, која освои сребрен медал на Г‑1 турнирот во Криштианштад, Шведска, со што заработи дополнителни 7.20 олимписки поени кон квалификациите за Лос Анџелес 2028. Исто така, на престижниот меѓународен турнир во Инсбрук, Австрија, таа освои нов медал и продолжи да се искачува на олимписката ранг-листа.

Наградата за „Животно дело“ годинава ја доби легендата Стојна Вангеловска, поранешна врвна кошаркарка и првата Македонка која освоила олимписки медал, додека во медиумската сфера, признанието за „Најуспешна спортска медиумска работничка“ го доби фоторепортерката Маја Јаневска-Илиева.

За „Најуспешна спортистка со попреченост“ е наградена Фатмире Бајрамоска која освои сребро во крос-кантри скијање на Зимските Специјални Олимписки игри во Торино, Италија.

Ракометната федерација на Северна Македонија ја доби наградата за унапредување на родова еднаквост, а посебни признанија за женско лидерство и унапредување на родова еднаквост добија Цветанка Макаровски и Ирена Митровска.

Ова е 5. Јубилејно доделување на наградата „Златна Олимпија“ во организација на Македонски олимписки комитет.