Реклама
Македонија

Стојаноски: Лицемерието на СДСМ излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДСМ излезе на виделина во Собранието, изјави Бојан Стојаноски, пратеник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лицемерието на СДСМ излезе на виделина во Собранието, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ на денешната прес – конференција во Собранието.

Откако устата им беше полна со наводни мигранти, кој ене ги чекале на граница, само што не дошле и што уште не излажаа, денес кога требаше да се дискутира во Собранието на таа непостоечка тема која тие ја отворија, тие го напуштија Собранието.

Не само што избегаа од темата, како маче од куче, туку и фамозната Резолуција која ја предлагаа во јавноста и устата пена им фати од говорење дека била најдобрата, ја немаат ниту поднесено во Собрание.

Реклама

Ете толку треба да знаете за лицемерието на СДСМ. Пред камери едно, зад нив друго. Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која е поднесена и е на дневен ред, денес ќе биде изгласана и со тоа ја затвораме измислената тема од страна на СДСМ за наводни мигранти во Македонија.