Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Собранието ја изгласа потребата од носење Предлог закон за Судски совет

Со мнозинство гласови, пратениците во Собранието денеска ја изгласаа потребата од носење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со мнозинство гласови, пратениците во Собранието денеска ја изгласаа потребата од носење Предлог-закон за Судски совет, кој се проследува на второ читање.

Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање рече дека со овој закон е започната нова ера на работа и функционирање, во која што секој важен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес.

-Законот предвидува значајни новини, меѓу кои јавност во постапката за разрешување на претседателот на Судскиот совет, прецизирање на критериумите за избор на истакнат правник, воведување јавна расправа при избор на кандидати за несудски членови, зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членовите од редот на судиите, како и јасно дефинирана постапка за дисциплинска одговорност на судиите и членовите на Советот, рече министерот Филков.

Реклама

Тој нагласи дека со овие измени се надминуваат системските недостатоци и правните празнини, а се исполнуваат препораките на ЕУ за зајакнување на интегритетот на судската власт.

Покрај ова, на денешната седница Собранието усвои предлог за именување на Пранавера Сума за член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Донесена беше и одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија во меѓународната операција на ООН „УНИФИЛ“ во Либан, а во прво читање беше разгледан и Предлог-законот за дополнување на Законот за јавните патишта, кој беше даден на понатамошно читање.

Собранието донесе и одлука за изменување на Одлуката за продолжување на рокот на кризна состојба на дел од територијата на државата поради зголемен ризик од транзит на мигранти. 

Според информациите од заменик-претседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, седницата продолжува утре.