Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Тошковски: Во тест периодот од половина месец на „Безбеден град“ намален бројот на повредени во сообраќајните несреќи

Мора да се почне со имплементацијата на проектот „Безбеден град“, ќе ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мора да се почне со имплементацијата на проектот „Безбеден град“, ќе ги решаваме сите проблеми, кои ќе произлезат во иднина. Мора да почнеме имаме 145 жртви, истакна министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на собраниската говорница во одговор на прашање од пратеникот Илир Хасани од Европски фронт, кој воедно како лекар-траумотолог даде поддршка за имплементација на овој проект, со неколку забелешки, кои ги имаат упатено граѓаните.

Тошковски истакна дека  се согласува со пратеникот Хасани дека доцна се почнува со овој проект, за да се заштитат животите и здравјето на сите учесници во сообраќајот.

– Се согласувам во делот со критиката дека касно го почнуваме овој проект. Апсолутно се согласувам, заради тоа што компаративно гледано, скоро секоја земја членка на ЕУ веќе длабоко го има имплементирано, која пред десет, која пред 15, па и повеќе години, а ние касниме. Но, не касниме месец- два, касниме да речам едно најмалку десет години, во имплементацијата на овој систем, рече Тошковски.

Реклама

Министерот за внатрешни работи потенцираше дека  за овој тест период од 15-16 дена, од страна на лекарите е констатирано дека е намален бројот на лицата со тешки телесни повреди кои учествувале во сообраќајните несреќи.

-Особено имајќи предвид дека просекот во Македонија на жалост последниве 15 години е 145 лица, наши луѓе, наши граѓани, наши комшии, наши пријатели, членови на фамилии итн, коишто сме ги изгубиле, во последните 15 години, пак ќе повтрорам, вие тоа и од лично искуство го знаете, просекот е 145 и можеби сме најлоши во Европа. Катастрофа е сега што треба да направиме, треба да почнеме и навистина очекувам поддршка од секој еден пратеник во ова Собрание, без разлика дали доаѓа од редовите на власта, или доаѓа од опозицијата. Заради тоа што во имплементацијата на овој проект нема политика. Во имплементацијата на овој проект нема Албанци, нема Македонци, нема професори, нема доктори, нема адвокати, нема земјоделци. Во имплементацијата на овој проект говориме за спасување на човечки животи, кои ги губиме секојдневно најмногу во Европа, додаде Тошковски.

Тој  како за пример посочи дека ако во една Хрватска просечно годишно гинат на минумим еден милион жители околу 65, во Словенија околу 55, Германија и Австрија  околу 40-45, Шведска, Данска, Норвешка (скандинавските земји) е  околу 20,  а кај нас какошто рече Тошковски „докторе на жаласот просекот е по милион жител некаде околу 80 и тоа не е денес, само така 2025, 2024 година. Тоа е 15 години наназад“.

– Катастрофа сме, што треба да направиме, треба да почнеме, каде треба да почнеме-овде треба да почнеме. Собранието треба да ги донесе сите оние закони, коишто денеска поминаа, се надевам дека ќе дадете максимална поддршка. Дали негде ќе згрешиме? Да. Дали нешто можеме да го подобриме во иднина? Да. Ама мислам дека мора да се сложите дека мора да почнеме, ќе ги решаваме сите проблеми кои ќе произлезат во иднина. Мора да почнеме, 145 жртви, посочи Тошковски.

Пратеникот Хасани истакна дека  увидени неколку слабости во текот на тест периодот, а тоа е стигнување на опомонена или казна за возење на 51 километар на час, потоа дел од граѓаните немаат мобилни телефони или мејл адреси за да им пристигнуваат казните, како и дека примената е само во неколку градови, но не и во останатите. Но, како лекар траумотолог ја даде поддршката за носење и имплементација на проектот „Безбеден град“.