Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Димитриеска Кочоска: ДЗР во изминатите децении се изгради како независен, професионален и кредибилен столб во системот на контрола и одговорно управување со јавните финансии

Државниот завод за ревизија е институција што во изминатите децении се изгради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот завод за ревизија е институција што во изминатите децении се изгради како независен, професионален и кредибилен столб во системот на контрола и одговорно управување со јавните финансии, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, на одбележувањето на 26 години ДЗР.

Министерството за финансии, нагласи Димитриеска Кочоска, високо ја цени улогата на државната ревизија во унапредувањето на доброто владеење и во обезбедувањето на рационално и законито користењето на средствата на даночните обврзници.

– Во време на зголемени фискални предизвици, ограничени ресурси и различни очекувања од граѓаните, прашањата поврзани со одговорното управување со јавните финансии, транспарентноста и отчетноста добиваат уште поголема тежина. Токму тука, улогата на ДЗР е од суштинско значење, не само како контролен механизам, туку и како партнер во зајакнување на институционалните капацитети и создавањето ефикасно и одржливо контролно опкружување за заштита на јавните средства, изјави Димитриеска Кочоска.

Реклама

Ревизорските наоди и препораки, според Димитриеска Кочоска, претставуваат важна основа за подобрување на јавните политики и за јакнење на довербата на граѓаните во институциите.

– Новиот закон за државна ревизија, којшто е во финалната фаза, има за цел да ја зајакне финансиската и оперативната независност на ДЗР, како и да воспостави поефикасни механизми за следење и проверка на спроведувањето на ревизорските препораки, изјави Димитриеска Кочоска.

Овие активности, како што нагласи министерката, се директен одговор на барањата на ЕУ и на меѓународните стандарди за државна ревизија и претставуваат важен чекор во насока на усогласување со европските и меѓународните практики.

Министерството за финансии, нагласи Димитриеска Кочоска, е цврсто убедено дека подобрувањето на улогата и капацитетите на државната ревизија е клучно за остварување на поставените реформски цели во финансискиот сектор за подобро и поодговорно управување со јавните средства и за јакнење на довербата на граѓаните за ефикасноста и транспарентноста на системот.